Замислете да се враќате во вашата Bentley резиденција со вашето Bentley. Покрај Armani Casa, Acqualina и Porsche Design Tower, на Sunny Isles Beach’s се придружува и првата резиденција со знакот Bentley во светот и ќе биде наменета специјално за сопствениците на луксузни автомобили. Дизајниран од светски познатата архитектонска компанија Sieger Suarez Architects и Dezer Development, британскиот автомобилски производител сака да го проширува своето присуство, уште повеќе, во САД.

Градежните работи започнуваат во 2023 година, а кога зградата ќе биде готова три години подоцна, таа ќе биде највисоката станбена кула покрај плажа во САД со висина од 228 метри и повеќе од 60 спрата. Иако е градена од страна на автомобилски производител Bentley Residences ќе биде изграден во согласност со Florida Green Building Council (FLGC) и другите прописи за животната средина со цел да се заштити локалното опкружување и дивиот свет.

Покрај еколошки безбедните градежни материјали кои ќе се користат, таа ќе биде и енергетски ефикасна. За еколошката наклонетост сведочи фактот што крајбрежното осветлување ќе биде сведено на минимум за да се заштитат морските желки од таа област. Меѓутоа ова не значи дека луксузот ќе биде изоставен. Всушност во средината на облакодерот ќе има посебено патентиран лифт за автомобили кој ќе води до гаражата. Секој од над 200 луксузни апартмани ќе имаат прозори кои ќе се протегаат од таванот до подот. Зградата ќе има удобности како теретана, спа центар, виски бар и ресторан. Додека секој дом ќе има свој приватен балкон, базен, сауна, а некои дури и ќе имаат туш на отворено.