Како дел од планот за хибридизирање и електрификација до 2026, Bentley го претстави својот втор луксузен plug-in хибрид, моќната лимузина Flying Spur. По примерот на Bentayga Hybrid SUV, новиот автомобил на овој производител е опремен со брзина. Ова би значело дека автомобилот ќе има 415 коњски сили 2.9-литарски V-6 со двојни турбо полначи заедно со електромотор со моќност од 136 коњски сили. Иако Flying Spur Hyrbid има 95 КС повеќе, тој е побавен од V8 бензинската верзија, поради тоа забрзувањето од 0 до 100 километри на час изнесува 4.1 секунди.

Пространата лимузина, која првпат се појави на пазарот во 2005 година, ќе добие хибриден погон до крајот на оваа година. Изгледот се очекува да биде сличен со неговито претходник со разлика во знакот „Hybrid“ на предниот дел. Flying Spur Hybrid ќе понуди приближно 40 километри чист електричен опсег, истовремено обезбедувајќи режим EV Drive кој го движи автомобилот целосно на батерија. Со целосно полнење, и во комбинација со својот V6 мотор, автомобилот може да помине повеќе од 690 километри. Се очекува Bentley да понуди широка палета на бои меѓу кои Flawless Emerald зелена, Crisp Frost бела, Open Ocean сина и Quiet Intensity сива. Цената се очекува да почне со 204.000 американски долари за основната верзија.