Mulliner, најстариот производител на каросерии во светот, го дизајнираше Bentley Bacalar Mulliner кој официјално дебитираше вчера. Најреткиот Bentley со две врати во модерната ера, е автомобил без покрив со само две седишта наместо четири како што е случајот со Continental GTC.

Дизајнот на надворешноста „влече корени“ од минатогодишниот ексцентричен EXP 100 GT концепт адаптиран од купе до barchetta дизајн. Интересно е тоа што само рачките од вратите се пренесени од Bentley Continental, a тоа е само поради системот за влез без клуч. Сите други надворешни делови се специјално дизајнирани од страна на Mulliner за Bacalar.

Внатрешноста е местото каде што Mulliner изведе „магија“ за да направи Bacalar да делува уникатно. Контролната табла од редок вид на дрво, седиштата и страните од потпирачите за глава се изработени од природна ткаенина од волна, додека патосниците се од чиста волна. Како последен допир, автомобилот доаѓа во комплет во совпаѓачки сет на багажникот кој го користи истиот вез кој што се наоѓа на седиштата.

Погонуван од twin-turbo 6.0-литарскиот W12 мотор, со моќност од масивни 650 КС и 900 Nm максимален вртежен момент. Споен е со ревидиран осумстепен автоматски менувач со двојна спојка со што се гарантираат побрзо менување на брзините и овозможува од 0 до 100 километри на час да се стигне за три и пол секунди, додека максималната брзина изнесува 322 километри на час.

Bentley планира да произведе само 12 единици на Bacalar Mulliner, a секој автомобил ќе чини 1,5 милиони фунти. Прочитајте го целиот текст на avtoplus.mk.