Belstaff ја претстави својата машка колекција за сезоната пролет-лето 2021. Секако за оваа сезона креативниот директор на брендот Шон Ленхард-Мур ни носи облека која е инспирирана од воената униформа. Според соопштението опуштената облека акцент дава на практичните „најважни“ работи. Јакни, карго панталони, бомбери, основни модели во воен стил ја красат колекцијата со палета на неутрални бои како каки, маслинеста зелена. Целата колекција се надополнува со ранци кои се во совршена хармонија со колекцијата.