Дизајниран да свети во мрак, BR03-92 Grey го спојува практичното и стилот. Со својот дизајн кој комбинира едноставни форми и практични карактеристики, би помислиле дека Bell & Ross часовниците се потпираат на винтиџ стилот а инспирацијата доаѓа од пилотската кабина на борбените авиони.
Меѓутоа желбата на француската компанија основана 1992 година, да ја комбинира функционалноста и цврстината е стара колку и авио инжињерингот. Целата оваа мотивираност се забележува во новиот додаток во LUM line серијата.
Ова е четврто издание на BR-03 часовниците и секако најфлексибиното, бидејќи едноставниот дизајн и неутралниот ремен одлично се вклопуваат без разлика дали се подготвувате за бизнис состанок или за кафе со пријателите.