Да бидеме реални, правилата во модата се неопходни. Благодарение на нив, знаеме како да се облечеме за секоја пригода, која кошула со кои панталони може да помине, а која никако не се носи и кои материјали се соодветни за кои временски услови. Но, има некои правила кои самите по себе изискуваат исклучок. Едно од нив е инкорпорирањето на белата боја во летната гардероба и нејзино исклучување од истата со самиот почеток на септември.
Кој вели дека гардероберот мора да е обоен во темни тонови во зима? Зарем модата не постои за да ни го подобри и истакне расположението или освен студените и тмурни денови во есен и гардероберот треба да не падне во депресија?!
Одличен есенски погодок е белата тексас кошула. Материјалот е нијанса подебел од летните кошули, а со завртени ракави и црни фармерки, може да биде недоливо добра есенска комбинација. Сомотот го вратија дизајнерите минатата есен, па бидејќи има намера да остане, вметнете го во изгледот преку белите панталони. Во прилог, уште неколку парчиња и инспирации зашто дефинитивно треба да носите бело и во есен.