Велат дека убавината е субјективна, но тоа не е причина една жена да биде крунисана за најубавата жена во светот. Д-р Џулијан Де Силва, пласичен хирург од Лондон, таа титула ѝ ја додели на манекенката Бела Хадид.

Хадид суперлативот го доби благодарение на модерните техники за мерење на убавината кои своите корени ги наоѓаат во класичниот грчки златен пресек на убавината. 

Бела Хадид

„Бела Хадид е очигледен победник бидејќи сите елементи на нејзиниот лик се совпаѓаа со мерките на перфекција“, изјави Де Силва. Нејзиниот скор за совпаѓање со симетричност изнесува 94.35%. „Нејзината брада имаше највисок скор од 99.7%.“

Бијонсе се наоѓа на второто место со скор од 92.44%, а зад неа е актерката Амбер Херд со 91.85%. Аријана Гранде и Тејлор Свифт ја затвораат првата петорка со 91.81% и 91.64%. 

Античките Грци ја користеле равенката за да ја измерат убавината, но нејзините корени се во математиката. 

Сепак, не дека е потребно некој да ни каже дека која било од жените на листата е убава, но прославете ја победата на Бела со некои од нејзините најубави фотографии.