Роботот BeBot е дело на 4ocean и PORALU Marine, наменет за чистење на плажи, кој механички го просејува песокот за да собере пластичен отпад и други остатоци со големина од 1 квадратен см без да и наштети на животната средина. Ова 100 проценти електрично возило може да исчисти површина од 3.000 метри квадратни на час. BeBot копа до длабочина од 10 см и собира пластичен отпад и догорчиња од цигари, обвивки од храна, капачиња од шишиња и друг вид на отпад скриен во песокот.

Роботот се напојува преку соларен панел и батерија, и е далечински контролиран на максимална оддалеченост од 300 метри. Оваа нова технологија е дизајнирана за да помогне во борбата со загадувањето и може да замени и работи во комбинација со распространети системи за чистење. Роботот BeBot освен за просејување песок и собирање на отпад, може да се користи и за собирање алги, подигање и носење на столици за плажа, или дури може да се користи за израмнување на песокот.