Baume е компанија која работи врз принципот на одржливост и поттикнување на кружната економија преку процесот на производство. Во овој проект како соработник е француската компанија која произведува скии ZAG.

На прва оваа соработка изгледа чудно, бидејќи вишокот материјали кои остануваат при производство на скии не изгледа како материјал од кој би можело да се направи часовник. Baume x ZAG е дизајнерско ремек-дело изработено од дрво и јаглен кој располага со Miyota автоматски систем за придвижување.

Производот бил тестиран од Овен Лепер екстремен скијач. Овој унисекс часовник доаѓа со можност да бирате помеѓу две бои на ремен. За разлика од традиционалниот часовник, круната е поставена на позиција 12. Времето на прикажување е различно, минутите се означени на лицето на часовникот околу оквирот, додека часовите се прикажани во воено време во засебен пројчаник. Часовникот е произведен во само 100 примероци.