Со цел да ги прослават 30-те години од излегувањето на Бартоновата верзија на Batman, Lego го создадоа Batmobile со 3.000 парчиња. 

За  љубителите на Batman и Lego, овој колекционерски примерок на Batmobile е вистинско уживање. Долг е 60 цм, а се создава од 3 илјади парчиња. Доаѓа со ротирачки дисплеј, што ви овозможува да го набљудувате од секој агол. Ентериерот е реизработен до најситните детали. Доаѓа во комплет со минифигури на Бетмен, Џокер и Вики Вејл.

Во продажба ќе биде на Black Friday, 29 ноември и ќе биде достапен за нарачка на веб-страната на Lego.