Данскиот производител Bang & Olufsen, кој е познат по својата врвна аудио опрема му се придружи на профитабилниот пазар на безжични слушалки со своите Beoplay E8 Sport. Овие слушалки се дизајнирани да им овозможат уживање во одличниот звук на спортистите. Направени од елоксиран алуминиум покриен со гума и текстуриран силикон, Beoplay E8 Sport со сертификацијата IP57, гарантираат отпорност на прав и водоотпорност на длабочина до еден метар за период од 30 минути.

Батеријата со едно полнење обезбедува седумчасовно уживање во музика. Компактната кутија ги полни батериите на слушалките, а системот за автоматско полнење се активира штом се стават слушалките во кутијата, при што овозможува користење во движење околу триесет часа. Поради компатибилноста со aptX Adaptive Bluetooth кодек на Qualcomm, Beoplay E8 Sport можат да достигнат максимален волумен од 107 dB. Добра конкуренција.