Компанијата Bang & Olufsen го претстави својот најнапреден телевизор досега. Наречен Beovision Harmony, 88-инчниот телевизор претставува првиот 8К OLED телевизор, како и најголемиот OLED екран од LG Electronics. Beovision Harmony e широк 183 сантиметри, а 8К екранот може да прикаже до 16 пати повеќе детали отколку на обичниот телевизор со HD приемник.

Од Bang & Olufsen ја подобрија јасноста со функции овозможени од вештачка интелигенција (AI) кои се насочени кон оптималното претставување на видот на емитување кои ги привлекуваат потрошувачите да купат ваков „ѕвер“ од телевизор, како што се филмовите и големите спортски настани.

Комбинацијата на триканалниот звучен систем и двојниот subwoofer обезбедуваат звук како да се наоѓате во кино, но сепак Beovision Harmony може да се поврзе и со звучниците на Bang & Olufsen. Тоа се дури осум звучници со што се овозможува висококвалитетно surround звучно искуство во вашиот дом. Сите овие функции и периферни уреди можат да се контролираат од Beoremote One, далечински управувач изработен од алуминиум.

Bang & Olufsen

Bang & Olufsen ги следат трендовите и сфаќаат дека потрошувачите не сакаат технологијата да доминира на претходно изработените декоративни шеми во домот, па така, купувачите ќе имаат можност да го прилагодат масивниот телевизор со различни облоги, вклучително дабово дрво, алуминиум, алуминиум во боја на месинг со акцент на чадено дабово дрво или алуминиум со боја и детали на орево дрво.

88-инчниот Beovision Harmony телевизор ќе се најде во продавниците на Bang & Olufsen на крајот од јуни 2020 година. Цената изнесува „скромни“ 46.500 евра.