Bandit9 и Royal Enfield го создадоа Bandit9 Jaeger, рачно изработен мотор кој ќе биде произведен во само девет примероци. Компанијата Bandit9 ги бутка границите и овој пат создавајќи вселенско-инспириран, ултра-драматичен мотор врз база на Royal Enfield Continental GT 650. Најголем предизвик во создавањето на овој мотор било да се прошири меѓуоскиното растојание без да се измени рамката. Извајан од челик, светкавиот мотор има нео-ретро резервоар и издолжена опашка. Деталите кои ги поседува Bandit9 Jaeger го прават како да е изваден од научно-фантастичен филм. Дизајнот е усовршен со прилагодени ЛЕД светла, кружни ретровизори и два издуви.