Француската модна куќа Balmain соработува со колумбискиот пејач Maluma во нова ексклузивна колекција. Креативниот директор на модната куќа, Оливие Рустинг (Olivier Rousteing) ја започнува оваа уникатна соработка по претходно остварената соработка со пејачот за 2020 Video Music Awards. „Ова беше една од моите цели, да работам со реномирана модна куќа на колекција, но ова патување испадна да биде повозбудливо, бидејќи Оливие ме поттикна да дизајнирам со него и да скицирам изглед што јас лично ќе го носам на сцената.“ изјави Maluma. Колекцијата се состои од парчиња кои се одраз на Maluma и е доволно шарена и колоритна. Младалачкиот стил на јакни, костуми, маици, обувки, панталони е истакнат со отпечаток на францускиот моден бренд.