Одобрен од Киану Ривс, John Wick добива spin-off. Станува збор за женската верзија на приказната за одмаздата и го носи името Ballerina.
Фабулата на филмот се врти околу женскиот убиец во потрага по одмазда за убиството на нејзините родители. Зачетоците на оваа приказна беа објавени уште во 2017, но дури овие денови беше потврдено дека филмот, огранок од франшизата за Wick ќе го види светлото на денот. Филмот доби режисер, сценарио и продуценти меѓу кои Бејзил Иваник, Ерика Ли, Чед Сталески и самиот Џон Вик, Киану Ривс. Лен Вајсман ја потпишува режијата.
Сè уште не е потврдено која актерка ќе застане во женските чевли на John Wick, иако балерината Јунити Фелан се јавува во улогата на Балерината во последното издание на John Wick – Parabellum.