Во центарот на вниманието на летната пред-колекција 21 на Balenciaga се ретро-футуристички очила за сонце заедно со скоро целосно одржлива колекција, нови патики X-Pander и деконструирани класици. Модниот бренд за да ни покаже како се носат очила навечер не носи на улиците на Париз.

Дури 93,5 проценти од колекцијата е етикетирана со сертификат за одржливост или upcycled (пренаменета и подобрена). Оваа сезона колекцијата е претежно унисекс, со што Balenciaga ја деконструираше потребата на модната индустрија за облека специфична за полот, со што дополнително го намали отпадот.

Пренамената на парчиња како здолништа и тренерки од кои се направени јакни или панталони можеби ја дава најдобрата колекција на брендот. Интересната колекција е надополнета со обувки кои го одвлекуваат вниманието, особено трендовските X-Pander. Заокружување на колекцијата дава низата чанти, особено оние со миленичиња.