Од фустани од алги, боење на облека со бактерии до всадување на пигменти во памук, појавата на нов бран технолошки иновации и нуди на модната индустрија шанса за нов еколошки рекорд. Според статистиките оваа индустрија троши 93 милијарди кубни метри вода годишно, исфрла 500.000 тони пластичен микрофибер во океанот и учествува со 10% од глобалните емисии на јаглерод.

Па така големите барања за промена кои почнуваат да се случуваат доведоа до фустан направен од алга, дизајниран од Филип Лим. Холандските дизајнери Лора Лухтман и Илфа Зибенхар од Living Color, наоѓаат начини да ги намалат токсичните хемикалии и интензивната потрошувачка на вода при боење на облека, па најдобар сојузник најдоа во бактериите. Всушност одредени микроорганизми ослободуваат природни пигменти како што се размножуваат, и распоредувајќи ги на ткаенина, тие бојат облека во впечатливи бои и дезени. Оваа идеја Лухтман ја добива поради тоа што претходно работела во модната индустрија, и го видела „одблизу негативното влијание на таа индустрија во смисла на експлоатација на луѓе и еколошки проблеми“.

Калифорнискиот стартап Bolt Threads во соработка со Adidas, Lululemon, Kering и Stella McCartney градат производствени капацитети за Mylo, кожа направена од корени од печурки.

Некои експерти се скептични дека ваквите иницијативи можат да доведат до трансформација од големи размери. Објаснувањето за ова, овие експерти го даваат со одговор дека оваа разновидна индустрија има илјадници фабрики и оператори кои прават различни работи и не може да се споредуваат со автомобилската индустрија каде треба да се убедат само шест или седум големи компании.

Една област, на која многумина гледаат како приоритет, е транспарентноста и тука технологијата има јасна улога. Fibretrace, кој оваа година е награден за одржливост, нуди можно решение за транспарентност со вметнување на неуништлив биолуминисцентен пигмент во нишките ткаенина, што доведува да секоја добиена облека може да биде скенирана за да се најде неговото потекло.

„Не можете да го најдете влијанието врз животната средина на ништо, освен ако не знаете каде е направено“, изјави за Франс прес Ендру Олах, директор за продажба на Fibretrace.