Компанијата AZAPA дебитираше на Auto China 2020 со својот концепт AZAPA-FDS кој беше претставен како симпатичен и ефикасен концепт погоден за градска мобилност. Ултра-компактниот автомобил со две седишта е има димензии од 2490мм во должина, широк е 1295мм и висок е 1250мм, што го прави идеален за секојдневно градско движење.

Опсегот на ова возило е 100 километри благодарение на технологијата на водородни ќелии кое што има минимално влијание врз животната средина. Се карактеризира со геометриска форма, два квадратни фарови, сончев кров и црвена линија која се протега по средината на автомобилот поврзувајќи ги светлата напред и позади. AZAPA-FDS треба да биде лансиран до крајот на 2021 година.