Axiom Space, првата комерцијална вселенска станица ќе добие ентериер дизајниран од Филип Старк. Инаку, Axiom Space, првата комерцијална вселенска станица во моментов се гради и ќе биде поврзана со Меѓународната вселенска станица.

Axiom Space физички ќе се оддели од Меѓународната вселенска станица кога ќе ја превземе функцијата центар за вселенска трговија и развој на истражувања, а просторот ќе биде поделен во простор за екипажот, терпезарија, кујна и модули за живеење.

„Мојата визија за модулот за живеење на станицата Axiom е да создадам удобно јајце што ќе ве привлекува со меки sидови и дизајн кој е во хармонија со вредностите и движењето на човечкото тело во нулта гравитација“, вели дизајнерот.

Концептот на гнездо има за цел да го имитира расположението и биоритмот на секој што живее во него, па така sидови се опремени со стотици нано LED светла кои ја менуваат бојата, а има и голем прозорец за уживање во уникатниот поглед.За разлика од функционалната, стерилна средина како што би се очекувало од вселенска станица, овој дизајн има одредена елеганција и стил.

Прецизно избраните материјали и бои се избрани за да создадат средина која смирува. На почетокот на оваа година Axiom Space почна со својата прва експедиција а десетдневните вселенски мисии 55 милиони американски долари. Во оваа цена се вклучени превоз до и од Меѓународната Станица, сите елементи потребни за уживање додека сте во орбитата и 15-неделен тренинг со астронаути, што секој патник мора да го заврши.