Лионел Меси предизвика земјотрес во светот на спортот откако по 21 година минати во Барселона е принуден да си замине и се пресели во Париз, каде следната сезона ќе настапува за ПСЖ. Меси зад себе остава огромно наследство во престолнината на Каталонија, а исто така остава и една спектакуларна колекција на автомобили.

Како еден од најдобрите во фудбалската историја, Меси е обожаван од голем број фанови, а неговото богатство се мери во стотици милиони. Една од работите на кои најмногу сакаше да троши Аргентинецот се автомобили. Покрај тоа што поседува Audi Q7, Range Rover и Cadillac Escalade, ова се некои од најинтересните автомобили во колекцијата на Меси.

Pagani Zonda

И покрај тоа што од 12 години е во Шпанија, Меси никогаш не ги запоставил своите аргентински корени, напотив, дури го зачува и аргентинскиот дијалект. Оттаму, не треба да зачудува што во својата колекција има и Pagani Zonda. Станува збор за апсолутно механичко ремек-дело, а и покрај тоа што е постар модел, се уште има одлична репутација во светот на егзотичните автомобили. Покрај ова, основачот на Pagani Automobili, Хорацио Пагани, е Аргентинец, па сигурно е дека Меси немал проблем да искешира 1,5 милиони фунти за еден ваков суперавтомобил. Под хаубата, Pagani Zonda има V12 Mercedes-Benz мотор кој испорачува 749 коњски сили.

Mercedes-Benz SLS AMG

Меси

Прашајте го било кој фудбалски фан и тој ќе ви каже зошто Меси е совршено олицетворение на „перформанси и класа“. Неговите возила го содржат истите карактеристики. Колку што е убав Mercedes-Benz SLS AMG, исто така е и неверојатно брз. Од уникатниот стил на вратите, па се до козметичкиот дизајн, многу работи прават овој автомобил да се истакнува.

Maserati GranTurismo S

Меси

Меси во својата колекција има два модели на Maserati, што е само доказ колку ги сака италијанските суперавтомобили. GranTurismo, како што соодветствува самото име, е автомобил наменет за уживање на возачот. Дизајниран е за брзина, но и за одлично крстарење на патиштата. За напојувањето на автомобилот е задолжен 4,7-литарскиот V8 мотор кој испорачува 520 Nm максимален вртежен момент при 4,750 вртежи во минута и достигнува максимална брзина од 303 километри на час.

Audi R8 Spyder

Еден од најомилените автомобили од колекцијата на Лео Меси е R8. Со оглед на тоа дека е бренд амбасадор на германската компанија, тој поседува цела флота. Почнувајќи од RS6, преку Q8, A7, па се до R8 Spyder. Автомобилот е дизајниран за брзина, но кокпитот доаѓа опремен со најекслузивните германски материјали.

Ferrari F430 Spider

Најдоброто е зачувано за на крај. Во гаражата на Аргентинецот има место и за Ferrari F430 Spider, и иако не беше јасно досега, тој има очигледна наклонетост за кабрио автомобили. F430 се напојува со 4,3-литарски природно аспириран V8 мотор кој испорачува до 503 КС и 469 Nm.