Некои автомобили на годината во Европа станаа инстант класици, но некои од нив остануваат само сеќавање на минатото, исто како и брендовите кои се зад нив. Наградата за Автомобил на годината во Европа се доделува од 1964 година. Некои од овие автомобили на годината станаа класици со текот на времето, додека други исчезнаа, исто како и брендовите и компаниите кои ги произведувале.

До денешен ден 57 автомобили се закитиле со наградата Европски Автомобил на годината. Листата на победници вклучува познати брендови, производители од различни рангови, скапи модели, помалку скапи и економични, спортски и семејни автомобили, со дизелски, бензински или електричен погон.

Навистина богата листа, иако на почетокот тенденцијата да се избере британски автомобил беше нагласена. Во оваа група влегуваат и модели како Fiat Punto, Audi 80 или Renault 12. Volkswagen Golf и Renault Clio се практично секојдневие за нас. Се забележува и смелоста на Citroën со неговите легендарни GS и GX модели, ја откриваме грациозноста на Ford Escort и едноставноста на Fiat 127. Но, исто така се сеќаваме и на шест модели на брендови кои веќе не постојат.

Rover 2000 и Rover 3500

Rover 2000 беше победникот во 1964 година, но квалитетот и влијанието на пазарот го надминаа со текот на времето. Со кратко пребарување на интернет лесно е да се забележи дека на пример, моделот од 1972 година, можел да достигне цена од 10.000 евра на пазарот за класични автомобили.

Моделот 2000 официјално го носеше името Rover P6. Тој е првиот победник на Автомобил на годината во Европа. Неговите линии се инспирирани од друг класик, Citroën DS19, иако Rover ги нагласува правите линии на сметка на облините кои го карактеризираат францускиот автомобил.

Моделот 2000 не е единствениот Rover P6 кој ќе ја освои престижната награда. Во 1977, годината кога Rover престана да го произведува P6, верзијата 3500 исто така ја доби оваа награда и влезе на листата автомобили на годината. Речиси идентичен со 2000, со исклучок на цилиндричниот капацитет и технолошката софистицираност која неопходно еволуираше во текот на 13-те години кои ги делат двата автомобили.

Кога станува збор за Rover, овој бренд со текот на времето го загуби влијанието и не функционира на пазарот. Во првата фаза и кратко по прекинот на Rover 2000, Rover Company беше откупена од Leyland Motors, која потоа стана British Leyland.

Компанијата која го креираше и разви моделот Land Rover – еден од најуспешните производи во историјата на автомобилската индустрија – и со тоа стана дел од голем британски конзорциум. Брендот остана, најпрво со својот идентитет, потоа само како етикета на групацијата, се додека евентуално не исчезна, во времето кога веќе беше дел од портфолиото на BMW групацијата. Денес, постојат неколку оригинални креации на Rover, но тие повеќе не се Rover направени од брендот, бидејќи брендот не постои.

Austin 1800

Величенствен класик, ја преплави Европа и никого не остави рамнодушен – дури и денеска е возможно да се најде овој модел на патиштата, во сопственост на некои посовесни и внимателни возачи. Ја освои наградата за Автомобил на годината во 1965 година, во време кога матичната компанија, Austin, веќе постоеше како бренд, а не како производител.

Austin 1800 беше произведуван од British Motor Company (BMC), уште еден британски конзорциум на брендови кои им се приклучија на Austin и Morris. Токму затоа моделот исто така може да биде познат како Morris 1800, Austin Morris 1800, Austim Balanza, Austin Freeway, Austin Windsorn, Morris Monaco, или по кодното име на моделот BMC ADO17.

Austin 1800 беше нешто што BMC се обиде да го направи како логично продолжение на мошне успешниот Austin Mini и претходникот Austin 1100 – ова претстсавуваше врв на понудата. Исто така, ова е една од последните поголеми креации на Austin брендот, кој ќе исчезне во 1987 година.

NSU RO80

Во 1968 година се појави модел на бренд кој беше поинаков во тоа време и кој денеска би бил непознат за секој кој е роден по 1985 година. Станува збор за NSU. Најпрво, моделот. Станува збор за RO80 и во времето кога ја освои наградата веќе беше произведуван од страна на Audi, иако го задржа брендот на оригиналната компанија.

Станува збор за автомобил кој не е честа слика низ Европа. Беше, над се, диспропорционален модел. Речиси 5 метри долг и преку 1.250 килограми тежок, а поседуваше мотор од само 995 кубни сантиметри. Сето ова беше напојувано од Wankel ротациски мотор со 113 КС и три брзини.

Иако беше јасно дека нешто не е во ред, моделот остана на пазарот 10 години (1967-1977), а осум години беше произведуван од Audi. NSU, германски бренд кој започнал со производство на машини за шиење на крајот од 19 век, по што започнал со производство на велосипеди и мотоцикли, беше откупен од страна на Volkswagen и беше споен со Auto Union во 1969.

Simca 1307-1308 и Simca Chrysler Horizon

Simca, бренд креиран од страна на Fiat чија почетна цел беше да се произведува во Франција со цел да се избегнат таксите за извоз на францускиот пазар, заврши како автомобил кој го доживеа својот златен период уште пред да има што да каже. Ова беше во втората половина на 1970-тите кога француско-италијанскиот бренд ја освои европската награда за Автомобил на годината во два наврати.

автомобили на годината

Во 1976, Simca 1307-1308 го освои пазарот со своите димензии. Со голема пространост, претставуваше автомобил кој беше нешто познато за купувачите и производ на кој секој можеше да се потпре. Во тоа време брендот веќе беше под контрола на американски Chrysler, кој се пласираше во Европа создавајќи подружници. Во 1979, Simca Chrysler Horizon ќе се појави на пазарот, мошне популарн модел кој ќе добие уште поголема популарност под „печатот“ на Talbot, уште една подружница на Chrysler. Simca официјално згасна во 1980 година.