Автомобилот Dodge Charger од 1970 година што ја возеше Доминик Торето во филмот Fast and Furious стана новиот модел на LEGO. Минијатурата на Dodge Charger, автомобилот на Доминик која е со размер 1:13, може да се пофали со истите компоненти кои ги има автомобилот од филмот, V8 со подвижни клипови, двојна суспензија, канистер со азотен оксид.

Овој комплет е релативно едноставен бидејќи има само 1.077 парчиња, а возрасната граница за склопување на овој модел е 10 години. Во моментот овој модел на коцки LEGO е достапен во предпродажба по цена од 99,99 американски долари, додека со испорака на нарачаните комплети компанијата ќе започне од 27-ми Април.