Ако ги оставиме сите приказни за Ал Капоне на страна, несомнено без двоумење би признале дека носел доза на гламур во себе. Еден од најпознатите американски мафијаши, Ал Капоне, останал познат во историјата по неговиот интересен стил и љубовта кон автомобилите.
Можноста да поседувате еден од неговите автомобили ви ја нуди Celebritycars.com. На аукција е Don Cadillac Town Sedan или 1928 Cadillac Town Sedan, кој е блиндиран и се продава за цена од еден милион долари. Овој автомобил може да се пофали со голем број на додатоци кои не биле на автомобилот кога излегол од производствената линија.
Сметан за еден од првите блиндирани возила, овој автомобил е опремен со стакло со дебелина од скоро 2,5 см и е засилен со метален оклоп кој тежи 680 килограми. Моторот е од серија 341-A L-Head V8 со 91 коњска сила, со тристепен менувач.
Елегантниот автомобил е во зелена боја со можност задните прозори да се спуштата, така што патниците кои седеле на задните седишта можеле да возвратат на „непријателскиот оган”. Ал Капоне, наводно, го купил овој автомобил од Емил Денемарк, сопственик на автомобилски салонот во Чикаго.