Холандското бродоградилиште Lynx ја претстави луксузната јахта од својата серија Crossover 27. Наречена Avontuur, оваа суперјахта од 27,4 метри која е направена по мерка за патувања исполнети со авантури нан море, за првпат исплови на 18 март од бродоградилиштето Lynx Yachts во Холандија.

„Воодушевени сме што ја лансиравме Avontuur по фантастичната и плодна соработка со нејзиниот сопственик од Калифорнија. Тој е искусен морепловец кој ги сака спортовите на вода и беше вклучен во секое поединечно ниво од изградбата. Беше вистинско задоволство да се работи со него“, изјави Слим Бурича, основач и сопственик на Lynx Yachts.

Додека стандардната суперјахта од серијата Crossover 27 има распоред кој може да прими до 8 гости во четири кабини, вклучително и сопственичката, ВИП кабина и две кабини со простории за посадата, сопственикот на Avontuur побарал распоредот на пловилото да се прилагоди со три кабини за гости, а просториите за посадата исто така се интегрирани во просторот за гостите. Впрочем, за да се задоволат потребите за складирање на играчките, спортската суперјахта нуди главна палуба од 70 квадратни метри која може да прими Air Nautique G23 и RIB од пет метри.

Екстериерот на Avontuur суперјахтата е дизајниран од холандското студио Bernd Weel, додека ентериерот го направи францускиот дизајнер Франк Дарнет, а поморската архитектура е дело на студиото Diana Yachts Design. Дополнителните играчки на бродот вклучуваат опрема за спортови на вода како што се даски за веслање, даски за сурфање, кануа, опрема за нуркање и уште многу друго.

Суперјахтата има максимална брзина од 14 јазли, брзина на крстарење од 12,5 јазли и домет од 1.800 наутички милји, што е навистина импресивно. Avontuur ќе биде испорачана до својот сопственик во април, токму на време да патува по Медитеранот и да ужива во летната сезона.