Козметичката компанија AVON лансираше нова бренд кампања насловена Watch Me Now повикувајќи ги луѓето да ги преиспитаат своите ставови и мислења за оваа легендарна компанија. AVON ја прославува убавината на различноста, ја зајакнува својата позиција на пазарот, станувајќи иновативен, смел и инклузивен бренд за убавина.

Како прослава од 135-годишнината, Watch Me Now е наклон кон наследството на AVON како компанија, која ја користи моќта на убавината за да создаде можности за заработка и подржувајќи го активизмот и кампањите против насилство врз жени и девојчиња и рак на дојка, повеќе од еден век.

„Убавината не треба да подлежи на стандарди. За многумина таа е клучна во градење на самодовербата и заложбата да се биде најдобрата верзија од себе си. Убавината е изразување на нашата индивидуалност, воспоставување на свои правила и живеење на животот по свои принципи. Ние во AVON веруваме дека убавината е моќ, која во себе ја носат сите. Им даваме поддршка на сите жени при нивното самоизразување, предизвикувајќи ги стереотипите со кои секојдневно се соочуваат.“- вели Дана Стојкова, Национален менаџер за продажба во AVON и додава: „Знаете, не постојат строги стандарди, и секој воден од сопственото убедување, избира што е убаво. Ние во AVON секојдневно се заложуваме и работиме напорно за да се осигураме дека на секоја жена во светот ѝ се достапни низа производи кои одговараат на нејзините стандарди за убавина“. Сите гореспоменати принципи и начела се темели на ребрендирањето и нашиот нов визуелен идентитет“ – заклучува Стојкова.

Оваа кампања вклучува и редизајн на логото AVON, првпат после една декада, како и посмел и современ начин на обраќање, што се поистоветува со милиони Претставници и корисници на брендот. Новото лого веќе е присутно на насловните страни на брошурите и на дел од производите, и во него се задржани дел од облините од оригиналното AVON лого од 1930-та година.