Компанијата AutoCamp во сорабока со Airstream, компанија која прави приколки, комплетираат нов проект наречен AutoCamp Cape Cod кој ќе содржи 108 мобилни сместувачки капацитети, вклучувајќи 9,5 метарски приколки, плус сезонски луксузни шатори. Инаку AutoCamp веќе има искуство во вакви сместувачки капацитети а Кејп Код, Масачусетс е нова локација на нивната листа.

autocamp yosemite

AutoCamp се заложува за зачувување на природните екосистеми со придонесување и вложување во мочуриштата, растенија… Самите сместувачки капацитети располагаат со низа удобности како Tempur-Pedic душеци, телевизор, висококвалитетни кујнски садови, органски постелнини, пешкири, модерно опремени кујни, сопствени бањи, опремени со природни производи за нега на кожа.

Секоја единица има своја платформа (веранда) која е опремена со скара, огниште. Објектот има и свој Clubhouse каде ќе се служи локална храна и пијалоци. За забава ќе се организираат неделни јога активности, дегустација на пиво и сајдер, истражување на крајбрежјето и друго. Резервациите чинат 129 американски долари за ноќ, за четири лица, а гости ќе почнат да се примаат од март 2021 година.