Италијанскиот автомобилски магазин кој згасна во 1969 година, Auto Italiana го прoмовираше своето ново издание по цели 50 години пауза.

„Нашата одлука да згасне Auto Italiana денес е неизбежна. Но, се надеваме дека за кратко време ќе развиеме нова стратегија да го вратиме Auto Italiana на трафиките. Се гледаме наскоро“

Auto Italiana
Стари изданија на Auto Italiana

Со овие зборови, уредникот на Auto Italiana, Флавијано Москарини, пред 50 години го најави згаснувањето на магазинот кој со голем ентузијазам зборуваше за автомобилизмот.

Простран на 197 свежо испринтани страници, магазинот го пушта во продажба првиот број на обновеното списание. За разлика од претходната верзија чиј фокус биле исклучиво автомобилите, новиот почеток за магазинот значи и нов шарм во малку поинаква насока. 

Нашите партнери, издавачката куќа Editoriale Domus вдахнува живот во Auto Italiana, успешно обидувајќи се да го интерпретира концептот за современиот стил. Целта на магазинот е прикажувањето на убавините на Италија преку сите форми на уметност

Auto Italiana
Насловната страна на најновиот прв број на реинкарнираниот магазин

кои ги поседува. „Искажувањето на италијанскиот вкус преку најразлични области: дизајн, мода, додатоци, добра храна, туризам, и секако автомобилизам“, пишува сегашниот уредник Давид Гвидичи.

Да ја доловат брзината со која се очекува ова списание да се вивне во ѕвездите, уредништвото ангажираа група млади талентирани ентузијасти кои го вложуваат своето време и талент креаирајќи го Ferrari на иднината. Така, низ повеќе од 14 страници во магазинот можете да ги видите дизајните на  највлечатливите Cavallino мотори низ историјата. Еден од нив, Dino 246 од 1969 ја краси и насловната страна на овој прв број.