Сакате да ја прилагодите брзината на движење така што на следната раскрсница Ве дочека зелено светло. Германскиот производител Audi разви технологија со која сопствениците на автомобили од нивниот бренд не би имале потреба повеќе да чекаат на семафор.
Green Light Optimized Speed Advisory (GLOSA) користи технологија која комуницира со семафорите, така што возачот во секое време на инструмент таблата има информација какво светло да очекува на следниот семафор и за колку секунди истото ќе се промени.
Системот исто така добива информации за ограничување на брзината на возење на патиштата. GLOSA а прв пат почнала да се користи во 2017 година во Лас Вегас само за корисниците Audi Connect Prime системот. Следен чекор е конектирање на системот со навигацијата со што би се овозможила поголема проточност на сообраќајот.