Audi RS e-Tron GT прототипот е само вовед во првиот перформансен електричен автомобил на германската компанија кој треба да се појави на пазарот во 2022 година. Претставниците на Audi наведуваат дека RS e-Tron GT ќе биде нов почеток за одделението на Audi Sport, бидејќи означува почеток на електрификацијата и за перформансните модели од Инглоштад.

Германската компанија во својата обемна галерија го претстави камуфлираниот автомобил. Но, истата тешко дека сокрива нешто, што може да се забележи и од самите фотографии. Audi RS e-Tron GT ќе дебитира со погон со два електромотори слично како кај Taycan Turbo S. Тие испорачуваат вкупно 598 КС. Сепак, со overboost функцијата возачот на располагање ќе има фантастични 646 КС и 830 Nm на располагање.

Треба да се има предвид дека овие бројки се однесуваат на предпродукцискиот прототип. Производствената верзија би можела да пристигне со одредени промени. Но, како и да е, со ова прототипот има за нијанса помала моќност од Taycan Turbo, иако ја имаат истата батерија, со капацитет од 83,7 kWh. Адутот на Audi ќе биде базиран на J1 платформата. Според информациите, забрзувањето до „стотка“ би требало да се одвива за помалку од 3,5 секунди.

Подоцна можно е да пристигне варијанта со три електромотори. Меѓу останатите спецификации, се истакнува дека тежината на RS e-Tron GT изнесува 2,3 тони. Исто така, пристигнува со двостепен менувач кој во прва брзина се движи до 80 километри на час, пред да се промени во повисок степен. Максималната брзина е ограничена на 250 километри на час.

Прочитајте повеќе на avtoplus.mk