Audemars Piguet лансираше ново трио од познатиот модел Royal Oak “Jumbo” Extra-Thin. Најновата постава на познатиот луксузен швајцарски производител на часовници вклучува целосно дијамантска верзија. Новите часовници ќе бидат достапни од јуни 2021 година, а опфаќа модели од 18-каратно бело злато со сина и црна основа и третата од 18-каратно розево злато со светло сина основа. Новите Audemars Piguet Royal Oak “Jumbo” Extra-Thin вкупно на себе имаат 1.102 дијаманти, со вкупно 7,09 карати, сите поставени во рамката, нараквица и куќиште од 39 мм. Во внатрешноста има Manufacture Callibre 2121, нагласувајќи ја двосмерната осцилирачка тежина од 22-каратно злато која го придвижува часовникот веднаш што се стави на рака.