Доста изненадувачки од страна на Atelier Versace, за Есен-Зима 2020 година со машката колекција ни носи доста неочекувани избори и полн блесок на свечениот стил. Италијанската модна куќа обезбедува остра, гламурозна машка облека во светли, смели бои како што се пастелни розови, сини, зелени и портокалови тонови.

Целта на оваа куќа за сезонава е да создаде „statement” парчиња која асоцира на очекувана светла иднина исполнета со среќа и оптимизам. Покрај смелите дезени и малите детали, како на пример чипка, колекцијата изобилува со мажествен крој и луксузни материјали кои се белег на Atelier Versace.