Новата генерација на ROG пристигна. ASUS Rog Phone 3 доживеа светска премиера во текот на вчерашниот ден и без дилеми е најпретставителното дело во смартфон гејминг индустријата.

Во текот на годините ASUS стана препознатлив по гејмерските уреди. Без разлика дали е PC, лаптоп или паметен телефон, Republic of Gamers ги направи овие уреди со целосно поинаков екосистем, насочен кон компетитивното гејмање. Новиот ROG телефон е доказ за тоа. Овој телефон е пионер не само поради тоа што го поседува најмоќниот хардвер на пазарот, туку и софтвер кој е ексклузивно направен за гејминг отколку за модерното користење на телефонитe.

Причината за тоа што ASUS ROG Phone 3 е најмоќниот гејминг телефон некогаш направен лежи во спецификациите на телефонот кои ниту еден друг смартфон не може да се пофали дека ги поседува. За да ги вметне сите овие карактеристики, ASUS исто така го промени дизајнот на GameCool со што овозможува кулерот да биде шест пати поголем.

Иако уредот не е наменет за фотографирање, сепак пристигнува со импресивен сет на можности кога станува збор за ова поле. Телефонот користи 64-MP примарен Sony IMX686 сензор во комбинација со 13-мегапикселната ultra-wide камера и 5-мегапикселни макро леќи. На предната страна се одликува со 24-мегапикселна селфи камера. ROG 3 е способен за снимање видео во 8K при 30 fps. Уредот пристигнува со Goliath 6000-mАh батерија која поддржува 30W брзо полнење.

ASUS ROG

ASUS ROG Phone 3 пристигнува во три варијанти: 8-GB +128/256-GB Strix едиција, 12-GB +256-GB средна варијанта и врвот на понудата е 16-GB + 512 GB варијанта. Цената се уште не е одредена, но се очекува да биде околу 1.000 долари.

 

ASUS ROG