Шпанската меѓупланетарна агенција Astroland организира тридневна екскурзија за луѓето кои сакаат да го искусат животот на Марс. Тест центарот кој се наоѓа во Кантабриските Планини, во пештера висока 60 метри а долга 1,5 километри ги реплицира непријателските услови на Марс.

Станицата Ares е опремена со сè што е потребно за да ги тестира технологиите и човечките способности потребни за престој на десет лица. Во центарот има лаборатории за истражување, прилагодени костуми за астронаути, животни капсули, лабораторија за хидропоника за одгледување растенија, автономни системи за производство на вода, простории за одмор и се што е неопходно за престој во таква средина.

Пред самото патување организирана е и тринеделна обука како и физичко и психолошко тренирање во просториите на Astroland. Самото искуство на станицата Ares доведува до научен и социјален напредок со цел откривање како луѓето би реагирале на живот на друга планета.

Од друга страна ваквиот туризам кој доведува до зачекорување надвор од зоната на удобност е се поактуелен. За овој проект агенцијата ќе соработува со TripAdvisor. Слични вакви мисии кои симулираат живеење на Марс се и мисијата AMADEE-18 каде екипажот поминува четири недели на станицата Кеплер во пустината Оман и мисиите кои траат од четири месеци до година а се одвиваат на вулкан на Хаваи.