Фантастичниот моторцил AMB 001 совршено создаден за Џејмс Бонд е дело на Aston Martin и е тука. Британската марка за автомобили, Aston Martin е најмногу позната бидејќи го снабдува агентот на Нејзиното Височество, Џејмс Бонд со опасни автомобилски изданија. Досега сме гледале неверојатни возила – од ретко класични до ултра модерни. Но, сега Aston Martin подготви моторцикл вреден за 007.
Во соработка со Borough Superior, производителот на мотори, Aston Martin дебитираше со AMB 001 моторциклот, кој го претстави на EICMA Motorcycle Show во Милано.
Концептот на спортскиот моторцкл го придвижува V-Twin со 180 кс кој може да се пофали со технички карактеристики, вклучувајќи конфигурација на шасијата со алуминиумска двострука предна вилушка и делови од карбонски влакна.
Само 100 примероци на AMB 001 ќе бидат пуштени во продажба по цена од 120,600 долари за еден, а љубителите со длабок џеб ќе можат да го сторат тоа кон крајот на 2020 година.