Луксузниот спортски автомобил во црна Monaco Black боја со црвени акценти ќе биде произведена само во 50 примероци. Секој од овие автомобили ќе доаѓа во пар со ограничена едиција TAG Heuer часовници од изданието Carrera Heuer 02.

Овој часовник со релјефен црн, кожен ремен има лице кое се вклопува со решетката на автомобилот, црвени детали и ќе биде во ограничено издание од 50 примероци.

Потпретседателот на TAG Heuer Мина Филипсон изјави: „ TAG Heuer е бренд на иновација, авангарда и know-how уметност кој секогаш напредува, предизвикува и ги зголемува перформансите. Креациите кои се настанати во соработка со Aston Martin се совршена илустрација на оваа заложба. Со Aston Martin DBS Superleggera TAG Heuer Edition наидуваме на нова пресвртница во нашата соработка на која сме горди бидејќи можеме да го видиме логото на TAG Heuer. Моделот DBS Superleggera е совршен избор за оваа соработка со брендот TAG Heuer.”

Aston Martin Super GT со 5.2-литарскиот twin-turbo V12 мотор претставува комбинација на стил и моќ, која користи современи материјали и прецизен дизајн. Автомобилот обезбедува незаборавно возачко искуство и иновативна аеродинамика. Не е ни чудно што го доби надимакот “the brute in a suit”.