Aston Martin дизајнираше неверојатно архитектонско решение за резиденција наречено Sylvan Rock кое наскоро ќе биде изградено во долината Хадсон, во Њујорк.

Британскиот производител на автомобили не е нов во светот на дизајнирањето домови, откако претходно ги дизајнираше Aston Martin резиденциите во Мајами. Сепак, Sylvan Rock е првиот приватен дом дизајниран од страна на Aston Martin. Поседот е распослан на земјиште од 55 ари и вклучува главна резиденција која нуди 556 квадратни метри простор за живеење.

Aston Martin

Главната резиденција е сочинета од четири спални соби, четири бањи и два тоалети и има прекрасна и футуристичка форма со црни површини, аглест покрив и огромни стаклени прозорци. Тука е и гаражата за три автомобили во стакло која ќе му овозможи на идниот сопственик да ужива во погледот на своите автомобили од различни протории во куќата. Главната резиденција исто така има и голем базен и pool house од 82 квадрати.

Како дополнителен додаток за изгледот на Sylvan Rock се задолжени трите гостински куќи на имотот кои додаваат плус 158 квадратни метри простор за живеење. Поседот дури има и луксузна куќичка на дрво, како и прекрасна градина и голем број на пешачки патеки.

Aston Martin

Имотот треба да биде комплетиран во 2022 година и има почетна цена од 7,7 милиони долари. Доколку сопственикот е фан на Aston Martin, производителот исто така ќе му продаде и целосно нов DBX во Onyx Black боја.