Вкупно 231 излагачи ќе понудат повеќе од 2000 уметнички дела, модерни, современи, традиционални, на онлајн изложба која ја организира Art Basel како замена за откажаните настани. Овие парчиња имаат проценета вредност од повеќе од 250 милиони американски долари, што е без сомнение и најскапата уметничка колекција досега понудена преку интернет.

Овој проект како и вообичаен ќе се заснова на ниво на престиж, така што ВИП клиентите ќе имаат можност први да ги видат делата од 18 до 20 март. Пошироката јавност ќе може да зачекори низ виртуелните порти од 20 до 25 март. За поголема транспарентност, платформа нема да понуди опција „click to buy”. Купувањето ќе се реализира преку формулар за контакт форма, која ќе биде пратена од страна на претставници на галеријата.

Поради моменталната состојба во светот, овој интернет настан ќе биде бесплатен за сите луѓе. Иако сме свесни дека ништо неможе да го замени искуството на гледање на уметноста во живо, се надеваме дека оваа иницијатива ќе обезбеди поддршка и релевантност за галериите и уметниците погодени од откажувањето на настанот, беше изјавено од директорот на Art Basel Asia.