За сезоната пролет-лето 2022 Armani подготви нова колекција која е насловена „Back to Where It Started“, враќајќи се на своите корени, на местото каде се започнало, на Via Borgonuovo. Оваа колекција претставува безгрижно истражување на чувството на слобода со машка облека што прифаќа неформален став. Но од друга страна иако свесен за опуштените стилови на современиот човек, тој останува цврст на идејата за секојдневна елеганција. Внимателно конструираните линии на Armani доаѓаат заедно во софистицирана, но складна гардероба. Течните форми ја нагласуваат класичната спортска облека од современа перспектива. Испирација од природата црпи за одредени детали и бои кои се користени во оваа колекција. Колекцијата „Back to Where It Started“ е стремеж и обид куќата да се оддалечи од формалноста и препушти на кежуал стилот.