Минатата недела славниот дизајнер Armani објави дека неговата групација ќе донира 1.43 милиони долари на неговата татковина Италија, за борба против корона вирусот. Овие средства ќе бидат поделени на три болници во Милано и Рим.

Поради големиот број на заболени во Италија и зголемената стапка на смртност, здравствениот систем во Италија е на праг на колапс, па дизајнерот смета дека ова ќе биде од мала помош. Оваа интернационална модна италијанска куќа, минатата година оствари приходи кои надминале две милијарди евра. Кон донирањето се приклучиле и LVMH, Kering и Versace.