Во Ноември минатата година GM најави дека ќе почне да произведува електрични велосипеди. Денес веќе можеме да си нарачаме Ariv, бидејќи е достапен и во Европа. Ariv ќе има два модела и тоа MELD: компактен електричен велосипед и MERGE: склоплив велосипед.

Иако не објавија многу информации во врска со спецификацијата на моделите, сепак дознавме дека моторите ќе овозможат брзина од 25 km/h (15.5 mph), со батерија која се полни за 3,5 часа и автономија од 64 километри со едно полнење. Велосипедите ќе бидат достапни за купувачите од Германија, Белгија и Холандија, а почетната цена е 3.200 долари за моделот MELD и 3.800 долари за моделот MERGE.