Идејата за еден ваков хотел е родена во 2010 година. Архитектот Хастром кој е ангажиран да го претвори ова место во волшебно луксузно одморалиште, всушност и го постигна тоа. Целиот овој проект уште од самата објава предизвика голем интерес.
Денес хотелот со 12 соби има шест кабини кои се наоѓаат на копно и шест кабини кои пловат по реката Луле. Дизајниран да личи на птичје гнездо, во средината има базен со ладна вода, која е составен дел на шведската култура, а кој гостите го користат после сауна.
Самиот хотел е така позициониран да гостите можат да посведочат на убава северна зимска светлина. Самите кабини од 62 квадратни метри имаат стаклени ѕидови кои се наменети за уживање во убавината на природата.
Спротивно на овие кабини, речните кои се со големина од 24 квадратни метри имаат облик на кожурец. Хотелот располага и со два големи сауни и две топли кади на отворено. На гостите им се даваат костуми за капење кои можат да ги задржат при поаѓањето. Исто така, се нуди сеопфатно мени за луксузно и културно збогатување полно со активности прилагодени за секого од јога до скијање, јавање коњи, гледање мечки…