Супер луксузната Aqua е јахта со потписот на Sinot Yacht Architecture & Design и Lateral Naval Architects со должина од 112 метри. Секако дека секоја јахта голема колку облакодер ќе предизвика воодушевување, но Aqua има уште еден адут. Таа е јахтата на иднината. 

Aqua

Благодарение на најновата технологија, компаниите кои учествуваа во нејзиното создавање, можат гордо да се фалат со својот проект. Под најнова технологија се подразбира методот на покренување кој користи комбинација од електрицитет и течен водород складиран во изолирани тенкови на температура од -253 степени Целзиусови. 

Системот на кој функционира оваа јахта е многу потивок од останатите, бидејќи единствениот нус продукт од работата е водата.

Aqua

Во однос на дизајнот на ентериерот и екстериерот нема зошто многу да дискутираме. Им претставува конкуренција на сите јахти на пазарот, благодарение на стаклениот изглед, флудиноста на линиите, базените и луксузните кабини.