Звучи како нешто совршено за време на социјална дистанца. Apple патентира многу интересен тематски изум кој им овозможува на корисниците на iPhone да создадат групни синтетички композитни селфи слики со употреба на „живи” или зачувани слики.

Што значи, дури и ако во моментот се придржувате кон правилата за социјална дистанца, сепак можете да се појавите во групно селфи со вашите пријатели. Процесот вклучува правење на индивидуални селфија, кои потоа користејќи програм ги комбинира и „преплетува” поединечните слики по ваш избор, што резултира со фотографија која изгледа како да сте биле заедно на една локација со вашите блиски.

За овој патент од Apple изјавија: „Индивидуалните селфи слики, видео слики и друго можат да направат, синтетичкото групно селфи со овој патент. Синтетичкото групно селфи може да се чува како мулти-ресурсен објект кој ги чувува индивидуалните селфи слики, така што корисникот што го создал синтетичкото групно селфи или примателот на синтетичкото групно селфи, може да го измени распоредот на индивидуалните селфи во рамките на синтетичкото групно селфи. Сето ова значи дека различни луѓе можат да имаат различни групни селфија или видеа дури и кога изворниот материјал е ист.”

Бидејќи овој изум е сеуште во фаза на патент, за подетални информации ќе почекаме.