Изгледа дека Apple е подготвен да влезе во трката со телефони на преклопување со престојниот iPhone кој би можел да биде најавен за помалку од една година, а на пазарот да се најде за година и половина. Оваа информација пристигнува од интервјуто на Вилијам Лакорс, професор на Alfred University како и од информација потврдена од Corning , компанијата која го снабдува Apple со стакла за нивните телефони.
Од Corning тврдат дека „активно развиваат продукти базирани на стакло“ за уреди на преклопување за кој велат дека ќе се најде на пазарот во периодот од следните 12 до 18 месеци. Доколку развиваат Gorilla стакло на преклопување, Apple многу веројатно би можел да ја искористи технологијата за својот нов iPhone – нешто што и Лакорс го потврдува. Тој смета дека базирано на најавата од Corning, останува помалку од една година пред Apple да го најави својот телефон на преклопување.
Samsung беше првиот производител кој се појави на пазарот со паметен телефон на преклопување, но се чини дека избрза со објавување, што резултираше со неколку проблеми со кои се соочи Galaxy Fold, како што лупење на екранот и проблеми со шарките.
Од тогаш, Huawei го лансираше својот Mate X во Кина и потврди дека ќе го пласира унапредената и подобрената итерација на уредот, Mate Xs, во западните земји. Преклопливиот телефон на Motorola, Razr, исто така дебитираше пред извесно време, додека Samsung го пласираше својот втор ваков продукт Galaxy Z Flip кој беше најавен овој месец и веќе е на пазарот.
Apple би можел да произведува преклопливи таблети
Лакорс смета дека Apple би можел да го прескокне преклопливиот iPhone и веднаш да се насочи кон изградба на поголеми уреди, како таблети на преклопување, со цел да избегне несакани проблеми со кои се уште се соочуваат преклопливите телефони. Кога не е ограничено на нешто мало како паметниот телефон, стаклото може да бидат подебели, со што значи дека преклопната површина би можела да биде поцврста.
Без оглед на плановите, Apple ќе мора да остави уникатен печат на својот уред на преклопување и да придонесе за подобри перформанси и издржливост со цел да има нешто повеќе од новитет кој се распаѓа. Компанијата веќе зачува неколку патенти за преклопливи екрани, така што веројатно сите со нетрпение очекуваат да видат што ќе понуди следно технолошкиот гигант од САД.