На својот Keynote настан Apple ја претстави следната генерација на Apple Watch Series 7, дизајниран за побрзо полнење, нови додатоци и засилен watchOS 8 оперативен систем.

Најновиот Apple Watch вклучува неколку клучни унапредувања, вклучително и посветол Always-On Retina екран со 20 проценти поголем екран и ултра тенки 1,7-милиметарски граничници со помеки и позаоблени агли. Корисничкиот интерфејс е оптимизиран со нов екран, кој нуди поголем фонт и нова QWERTY тастатура која го прави пишувањето и читањето пораки од Apple Watch полесно од било кога. Поголемите наслови во менито и копчињата во апликацијата, како Alarm App исто така се додадени.

Часовникот добива и моќни унапредувања и кон издржливоста, вклучително и редизајниран преден кристал со поробусна геометрија која го прави посилен од претходните модели и поиздржлив на пукнатини. Apple Watch Series 7 исто така е и IP6X отпорен на прашина, со што станува поиздржлив во песочни предели како плажите, со истата вредност на водоотпорност од WR50 како и претходниците. Часовникот се одликува со две целосно нови лица вклучително Contour и Modular Duo.

Унапредувањата ги зафати и полначките способности на часовникот, овозможувајќи 18 часовен живот на батеријата со едно полнење, 33% повеќе од Series 6. Со цел да го поддржи побрзото полнење, часовникот е редизајниран со нова полначка архитектура и Magnetic Fast Charger USB-C кабел.

Watch Series 7

Најдобриот паметен часовник досега

Покрај новиот хардвер, пристигнуваат и унапредувања во оперативниот систем на Apple Watch, претставувајќи го watchOS 8, оптимизиран за поголем екран. Унапредувањето на OS нуди подобро следење на фитнес состојбата, вклучително и напредни алгоритми за следење на GPS, отчукувањето на срцето, забрзувачот и гироскопот за бајкерите. Покрај ова, Apple ги засили и своите алгоритми за детекции за пад за подобра безбедност при вежбањата.

„Apple Watch Series 7 носи значителни подобрувањањ – од нашиот најголем и најнапреден екран, па до засилената издржливост и брзото полнење – со што станува најдобриот паметен часовник досега“, изјави Џеф Вилијамс, извршниот оперативен директор на Apple.

Часовникот е достапен во 41 и 45-милиметарска големина и пристигнува во пет целосно нови алуминиумски бои на куќиштето. Покрај ова, претставени се и нови ременчиња, вклучително и неколку Hermes стилови и освежениот Nike Sport Loop.

Сите Apple Watch Series 7 модели ќе бидат достапни подоцна оваа есен. Apple Watch Series 7 ќе стартува од 399 долари, Apple Watch SE ќе се продава од 279, а Apple Watch Series 3 ќе има цена од 199 долари. Додатоците ќе можат да се нарачаат веднаш, додека Apple Watch Hermes Series 7 и новото Apple Watch Hermes ременче ќе бидат достапни подоцна.