Apple има можност долгорочно да го реши проблемот со прилагодливите стакла за нивните паметни очила. Всушност маката со Apple Glass која ја имале е создавање на прилагодливи стакла кои би одговарале на барањата на купувачите, односно нивниот диоптер.

Всушност патентот за Apple Glass се однесува на „коаксијален аранжман на леќи“ за секое око, со контроли што можат да ги прилагодат според корисникот. Според патентот „Оптичкиот склоп на стаклото е конфигурирано за да ги анализира очите на гледачот“, со објаснување дека процесор „конфигуриран да ја прилагоди оптиката врз основа на анализата“.

Па така оваа тајна всушност е нешто револуционерно во овој сегмент. Ова е од голема помош и за купувачите и за компанијата, поради фактот што корисникот нема да има дополнителен трошок за правење на стакла според рецепт. Но како и да е се верува дека оваа технологија нема да биде достапна со првата генерација на очила која се очекува да пристигне во 2021 година по цена од 499 американски долари.