Apple повторно го привлекува вниманието на светската јавност. По минатомесечната најава фокусирана на iPad и iPhone, технолошкиот гигант се врати на сцената за да ги претстави своите најнови AirPods слушалки и MacBook Pro лаптопи.

AirPods 3

Неверојатно популарните AirPods слушалки на Apple се унапредени и ги носат некои од најдобрите про карактеристики во базичните модели. Сега со просторно аудио и Dolby Atmos способности, подобра контрола на копчето и интерен редизајн за уште подобар квалитет на звукот. Новата верзија на AirPods сега е отпорна на вода и пот и дизајнирани се да креираат подобар квалитет на звукот во ушите. Исто така се одликуваат со Adaptive EQ со цел да помогне во калибрирањето на квалитетот на звукот базирано на формата на увото на секој индивидуалец.

Унапредувањата на батеријата сега му овозможуваат на AirPods 3 користење до шест часа со едно полнење, со 30 часа достапност севкупно ако се смета и полначката кутија. AirPods исто така конечно добиваат и бежично и MagSafe полнење што може да се предизвика користење на слушалките до еден цел час со само пет минути полнење. AirPods 3 стартуваат со цена од 179 долари и преднарачките се отворени сега, додека испораките започнуваат следната недела.

MacBook Pro

Про лаптопот на Apple отсекогаш бил исклучително моќен, но сега компанијата го засилува сето тоа со реосмислувањето на целиот компјутер, во внатрешноста и надворешноста. Овие нови 14 и 16-инчни компјутери ќе ги добијат двата чипа на Apple, M1 Pro и M1 Max. Овие чипови кои се развиени од страна на Apple ја интегрираат севкупната моќност со процесирање на графиките и ги прават овие нови MacBook Pro модели неверојатно моќни, тивки, ефикасни и тенки.

Apple изнесе еден тон показатели за перформансите што треба да се видат во вистинското тестирање, но тоа е импресивен влез во историјата на MacBook Pro, влез кој прави значителни отстапувања од претходните MBP понуди на компанијата и враќа назад некои важни карактеристики кои на корисниците им недостасуваа во претходните неколку години. Примарно меѓу нив е враќањето на MagSafe полнењето.

Производителот исто така го отфрли ToucBar на сметка на тастатура во комплетна големина и голем тачпед за сите оние мултитач гестикулации. Овие лаптопи ги добиваат и сите можни портови во оваа постава, со што се враќа и HDMI интеграцијата и слот за SD картичка во целосна големина. Се чини дека Apple конечно ја доби пораката дека про корисниците, со секое право, ги мразат дополнителните адаптери за овие функции.

MacBook Pro

Двата екрани се сега за еден инч поголеми во однос на своите претходници. Новите MacBook Pro модели добиваат и поголемо траење на батеријата, па така MacBook Pro со 14-инчен екран добиваат 17 часа емитување на видео со само едно полнење, додека поголемиот, 16-инчен модел издржува до 21 час.

Двата модели се достапни во Space Gray и Silver, со тоа што 16-инчниот MacBook Pro стартува од 2.499 долари, а помалиот 14-инчен има почетна цена од 1.999 долари.