Apple го одржа својот Keynote настан, а на истиот покрај претставувањето на новиот Apple Watch Series 7, ги претстави и деталите за новите iPhone 13 и iPhone 13 Pro.
Најпрво, новата генерација на паметните телефони на Apple, вклучително и iPhone 13 Mini, ќе пристигнат во пет нови бои – Pink, Blue, Midnight, Starlight и (PRODUCT)RED. Новиот iPhone се одликува со 6,1-инчен екран, додека mini верзијата добива 5,4 инчи. Со 28% посветол екран, новиот телефон поддржува Dolby Vision, HDR10 и HLG. Новиот уред добива и A15 Bionic чип, CPU со шест јадра со две високоперформансни и четири јадра за ефикасност кои се 50 проценти побрзи во однос на „водечката конкуренција“.
Новата двојна широка камера на уредот собира 47% повеќе светлина со поголем отвор. Новиот „кинематографски режим“ за видео овозможува rack focus, односно менување на фокусот на леќата за време на снимањето, каде што преносите на фокусот се случуваат автоматски бидејќи уредот е во состојба да ги предвиди предметите кои влегуваат во кадарот.
Батеријата на iPhone 13 трае 2,5 часа подолго во однос на iPhone 12, додека на iPhone 13 Mini е 1,5 часа во однос на претходната генерација. Самиот телефон нуди подобра безбедност, вклучително и нов MagSafe паричник кој поддржува Find My, овозможувајќи им на корисниците да ја лоцираат последната локација кога нивниот паричник бил одвоен од нивниот уред.
iPhone 13 Mini стартува при 699 долари, а iPhone 13 стартува на 799 долари, а капацитетот варира помеѓу 128 и 512 гигабајти.
Pro и Pro Max
Истовремено, Apple ги претстави и iPhone 13 Pro и iРhone 13 Pro Max, кои пристигнуваат во четири финиши: Graphite, Gold, Silver и Sierra Blue. На предниот дел се наоѓа 20 проценти помалиот горен изрез на предниот дел, а на задниот дел се наоѓаат три нови камери, додека внатрешноста е целосно ремоделирана со поголема батерија. Иако повеќето Apple Pro производи користат USB-C портови, iPhone 13 Pro и понатаму користи Lightning порт.
Pro моделот го добива истиот нов A15 Bionic чип, но со GPU со пет јадра, што овозможува 50 проценти побрза графика. Super Retina XDR екранот се одликува со максимална осветленост од 1.000 нити со ProMotion променливо освежување од 10 до 120 Hz.
Камерите се одликуваат со нови 77-милиметарски телефото леќи за троен оптичи зум, како и 92 проценти унапредување во ниските светлини за ултра широката камера. Има вкупно шест пати оптички опсег на зумот на сите три камери. Животниот век на батеријата на iРhone 13 Pro е 1,5 часа подолг од претходната генерација, додека батеријата на iРhone 13 Pro Max може да трае 2,5 часа подолго од онаа на 12 Pro Max.
Цената на iРhone 13 Pro ќе стартува од 999 долари, додека iРhone 13 Pro Max ќе стартува од 1.099 долари. Преднарачките започнуваат од 17 септември, а уредот ќе стане достапен од 24 септември.