Откако беше најавенo од страна на извршниот директор Тим Кук уште во април, новиот Apple Card ќе додаде бескаматни инсталирачки плаќања за повеќе од своите продукти. Од минатата година, оние кои ја поседуваат кредитната картичка направена од Apple и издадена од Goldman Sachs имаа можност да ги купат iPhone моделите на 24 рати без никакви камати.

Сега Apple планира да им дозволи на своите клиенти да купуваат Mac, iPad, AirPods и многу други продукти на месечни рати преку Applе Card. Според информациите, за неколку недели, Apple ќе понуди плаќање со Applе Cаrd на 12 месечни рати без никакви камати за Mac, iPad, iPad тастатури, Apple пенкалото и Mac XDR Display мониторите, заедно со слични шестмесечни понуди за AirPods, Apple TV и HomePod.

Плаќањата ќе можат да се менаџираат преку Applе Card секцијата во iPhone Wallet апликацијата со плаќањата додадени во месечните Apple Card сметки. Настрана од тоа што со оваа картичка ќе се охрабри и зголеми продажбата на продуктите на Apple, целта на компанијата е да го промовира користењето на Applе Cаrd.