Apple Airpods Pro Noise Canceling слушалките го адаптираат звукот до 200 пати во секунда за да ги отстранат шумовите од позадина. 

Apple штотуку ги најави слушалките Airpods Pro со активна noise canceling технологија. Најновата верзија на популарните безжични слушалки вклучува два микрофони, кои го адаптираат звукот до 200 пати во секунда со цел да ги отстранат звуците во позадина. Првиот микрофон е свртен кон надворешната страна и неговата задача е да ги прима звуците и да ги исклучува со помош на „анти-звук“. Вториот е свртен кон внатрешноста на увото и ги отстранува останатите звуци во истиот процес. 

Во јадрото на слушалките, кои не пропуштаат вода, се наоѓа и специјално дизајниран Apple H1 чип, чија улога е почитување команди од Hey Siri па до останатите звуци. 

Вклучени, траат и до 4 часа слушање музика, а до 3 часа разговор. 

Слушалките се достапни за нарачка и чинат 249 долари онлајн, а во продажба ќе бидат од 30 октомври.